Македонија
Толедо на емотивен начин се збогуваше со Вардар и Македонија (ФОТО)
Жозе Толедо е еден од играчите кого во наредната натпреварувачка сезона нема да го гледаме во дресот на Вардар.
Тој во Вардар пристигна во 2019 и требаше да биде сериозно засилување, конкуренција на Даинис Криштопанс на десната бековска позиција, но тој мораше да замине на операција и собра многу малку настапи за „црвено-црните“ со тоа што влијание во тоа имаше и коронавирусот поради кој сезоната мораше да биде предвреме завршена.
Бразилецот се сели во Романија во Баја Маре, но Вардар и Македонија дефинитивно ќе му останат во срцето и тоа може да се констатира по неговата емотивна објава, порака за збогум на социјалните мрежи.
-Благодарам многу Република Македонија! Од семејни и приватни причини нема да бидам дел од убавата иднина на Вардар. Би сакал да им се заблагодарам на сите соиграчи што ги имав минатата сезона, на сите кои работеа во клубот и на сите луѓе во Македонија, без исклучок!
-Како и на оваа фотографија, се надевам дека ќе погледнам и ќе се насмевнам кога ќе го видам знамето на Република Македонија и симболот на Вардар на највисоко место на подиумот каде што припаѓа и никогаш не требаше да го нема. Ви благодарам и илјада извинувања што не успеав да го докажам мојот квалитет како што сакав, -порача Толедо.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план