Поврзете се со нас

Балкан

Тодороски: Сакам да играм за Македонија

Објавено

на

Андреј Тодороски е еден од најдобрите играчи на српскиот прволигаш Спартак Суботица, настапи кои посакува да ги круниса и да добие шанса да заигра за македонската репрезентација.

Тодороски е роден во Прилеп, но потоа заминува за Австрија каде е дел од неколку школи, клубови, па преку Фрст Виена, ФАЦ и Виенер се враќа на балканот каде го носи дресот на Спартак.

Сезонава има забележителни изданија, има 3 гола и 1 асистенија во Србија, интересот за неговите услуги расте, па тој верува дека ќе дојде до нашата А репрезентацација.

-Имаше разговори, секако дека би сакал да играм за Македонија, но треба да се среди документацијата и патиштата да ни се поклопат, односно тие во мене да видат играч кој може да помогне на националниот тим, -вели Андреј за „Спортски Журнал“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни