Поврзете се со нас

Италија

Тежок ден за Галијани: Му врачи отказ на Неста и експресно го назначи неговиот наследник (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ACMonza

Адријано Галијани се најде во непријатна положба да му врачува отказ на својот поранешен пулен од Милан, но фудбалот секогаш ја носи и својата сурова страна, па така легендарниот оперативец му додели „шут-карта“ на својот некогашен стопер во Монца.

Тимот од „Бриантео“ врза серија од четири порази во низа, а бидејќи последната победа на Неста датираше од 21-ви октомври, Галијани реши дека е крајно време да се разделат со легендарниот дефанзивец.

Неста не можеше да пронајде решение за кризата на Монца и како клучен се покажа последниот пораз од Јувентус, по кој клубот му се заблагодари и го ослободи од обврските кои ги има во првиот тим.

Моца замина на божиќните празници како последнопласирана екипа во Серија А со само 10 освоени бода, а кратката зимска пауза ќе биде добар повод за играчите да се запознаат со новиот тренер.

Галијани експресно го назначи наслендикот на Неста, а тоа е уште еден поранешен дефанзивец кој настапуваше во Серија А, Салваторе Бокети.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни