Поврзете се со нас

АТП

Тениска драма: Циципас се налути, па одбиваше да игра во осминафиналето против Медведев (Видео)

Објавено

на

Дуелите меѓу Стефанос Циципас и Данил Медведев секогаш носат голема возбуда и одредена тензија, а кога во сето тоа ќе се вмеша и судијата, настанува голема драма.

Утринскиот меч во Шангај заврши со победа на Русинот во два сета, но мечот во еден момент беше прекинат поради голема расправија меѓу Циципас и главниот судија.

Фергус Марфи го опомена Циципас поради одолговлекување на првиот сервис, а тоа предизвика навистина голем револт кај Гркот кој предизвика петминутен прекин на мечот.

Стефанос водеше расправија на повисок тон и му порача на Марфи дека сите судии се против него во последно време, по што одби да се врати на теренот и да продожи да игра.

Циципас го бараше супервизорот и на одговорниот човек му забележуваше дека не добива ист третман како другите тенисери, но некако беше убеден да се врати на теренот и да го доигра мечот.

Ова се случи на стартот на вториот сет, а Циципас на крајот загуби со 7:6 и 6:3.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни