Англија
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
Манчестер Јунајтед беше целосно надигран од Њукасл и имаше голема среќа што не прими гол во првиот дел, но иако изгледаше подобро во вторите 45 минути, сепак не успеа да избегне пораз.
Тимот на Еди Хау оствари трета победа во низа над Јунајтед благодарение на голот на Гордон, па и покрај тоа што целокупното издание на Јунајтед беше прескромно, јавноста се повеќе се задржува на едно име.
Маркус Рашфорд постигна 30 гола и изгледаше несопирливо минатата сезона, но оваа има само два погодоци на 18 меча и се почесто се поставува прашањето дали треба да биде изоставен од стартната постава.
– Ќе зборувам приватно за него за формата во која се наоѓа, нема да зборувам за него преку медиумите, – изјави Ерик Тен Хаг, признавајќи дека Маркус посебно се мачи од стартот на сезоната.
– Знам дека се крева голема врева околу Маркус, а тој се обидува да даде максимум. Сигурен сум дека ќе се врати во својата најдобра форма, ќе се опорави од ова и ќе ја добие целата поддршка. Ќе зборуваме приватно со него и ќе ја добие нашата поддршка, – посочи Холанѓанецот и додаде.
– Имавме лошо прво полувреме и на паузата им реков на играчите дека е добро што сме во игра. Имавме добра реакција во завршницата од мечот, но реалноста е дека Њукасл беше подобар. Беа проактивни и едноставно беа подобри од нас, – заврши менаџерот на Јунајтед.
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства24 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија19 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија18 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Англија2 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда