Англија
Тен Хаг ја испрати својата стандардна резерва на позајмица во Ла Лига (Фото)
Ерик Тен Хаг го подготвува својот тим за вечерашното гостување на „Молину“ кај Вулверхемптон, но во најавата за овој меч пристигна официјална информација за едно заминување од првиот тим.
Факундо Пелистри имаше симболична улога од стартот на сезоната и запиша 14 настапи како резерва и една од последните опции во нападот, па на средина на сезоната, Уругваецот реши да си побара нов предизвик до крајот на сезоната.
Пелистри и во минатото има настапувано во Ла Лига за тимот на Алавес во два наврати, но сега ќе игра за Гранада која нема опција за откуп на крајот од сезоната.
Крилниот напаѓач добро ги познава условите во шпанската елита поради двете сезони кои ги одигра во Алавес, а заедно со новите соиграчи ќе има тешка задача до крајот на шампионатот.
Гранада е претпоследна на табелата со 11 освоени бода, но осумте зимски засилувања во месец јануари се јасен знак дека сите во клубот напорно ќе работат за да се избегне испаѓање во Сегунда.
Wishing @FPellistri07 the best of luck for his loan move until the end of 2023/24 👊🇪🇸#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) January 31, 2024
✍🏼 𝐎𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥: Facundo Pellistri, nuevo jugador del Granada CF.
#𝙀𝙩𝙚𝙧𝙣𝙖𝙇𝙪𝙘𝙝𝙖 🇦🇹 | #PellistriNazarí— Granada CF ❤️⚪️ (@GranadaCF) January 31, 2024
-
Италија4 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија7 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија24 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Балкан3 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Свет52 минути
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…