Англија
Тен Хаг го прекина молкот и се огласи за неочекуваната одлука која ја донесе Јунајтед за Фергусон

Сер Алекс Фергусон остана без амбасадорската улога во Манчестер Јунајтед и беше тргнат од платниот список од страна Џим Ретклиф, одлука која предизвика лавина од реакции во јавноста и многу негативни коментари од легендарни фудбалери на самиот клуб.
Оваа драстична мерка беше окарактеризирана како максимално бесчувствителна кон човекот кој направи фудбалски великан од клубот од „Олд Трафорд“, па иако со тоа му се намалува и влијанието кое ќе го има врз тимот, Ерик Тен Хаг сега го прекина молкот и најави дека и во иднина ќе ги слуша советите од „шефот“.
– Без разлика на се, Фегусон и натаму ќе има влијание врз нас. Фергусон е Манчестер Јунајтед, тој го изгради клубот и го доведе до ова ниво и нормално е да има влијание врз нас.
– Сите ние знаеме што сака Сер Алекс, сака да види победнички Манчестер Јунајтед и сигурен сум дека и во иднина ќе ни остане достапен за совет.
– Ќе ни биде потребно тоа од него, на краток, но и на долг рок. Откако сум тука во изминативе две ипол години, секогаш било така и тоа нема да се промени. Еднаш во пола година имаме формална средба со него, во меѓувреме имаме и неформални средби за време на натпреварите. Секогаш го среќаваме и неговото влијание повторно ќе биде важно за нас. Во моментов не можеме да ги израмниме стандардите кои тој ги постави во овој клуб, но полека одиме кон тој пат, – изјави Тен Хаг.
-
Италија14 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија16 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет13 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија16 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија8 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Италија9 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина