Свет
Тедеско е минато, Белгија со нов селектор во дуелите со Македонија

Доменико Тедеско нема повеќе да биде предводник на селекцијата на Белгија, соопшти фудбалската федерација на оваа земја.
Веќе некое време „црвените ѓаволи“ не играа на посакуваното ниво, бележеа резултати под нивното реноме, па Тедеско едноставно висеше се до денеска кога официјално беше донесено одлука за негов отказ.
Тој ја извршуваше оваа функција од 2023 година кога дојде на местото на Роберто Мартинез.
-Секогаш бев горд што сум селектор на „црвените ѓаволи“, заедно постигнавме големи работи. На едно убаво патување, за жал, сега му се ближи крајот. 100 проценти сум сигурен дека репрезентацијата ќе победи против Украина и исто така и дека ќе се пласира на Светското првенство.
-Овој тим се уште е на почетокот на својот развој и ќе предизвикува сензација во наредните години. На играчите, на одличните вработени во федерацијата и на навивачите им посакувам се најдобро од се срце, -порача Тедеско.
Ова значи дека Белгија со нов селектор ќе влезе во дулите со Македонија во квалификациите за СП. Како можен наследник се споменува легендарниот Тјери Анри.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…