Шпанија
Тебас потврди дека Ла Лига ќе се игра: Ќе има фудбал секој ден 35 дена
Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас истакна дека голема е веројатноста првенството да продолжи затоа што постои минимален ризик за ширење на болеста.
Првенството во Шпанија е прекинато на 11 март, а постојат најави дека истото ќе продолжи на 12 јуни.
Играчите на сите клубови веќе се вратија на индивидуални тренинзи во тренинг базите, а по 14 дена ќе започнат и групните тренинзи.
– Ќе има фудбал секој ден 35 дена, од денот кога ќе се вратиме до крајот на натпреварувањето. Ако сите се држиме до санитарните прописи, мислам дека нема да имаме никакви проблеми.
– Никој не знае кога точно ќе почнеме, зависи од ситуацијата затоа што вирусот и натаму е присутен. Ако е возможно да почнеме на 12 јуни, тоа би функционирало, -изјави Тебас.
Претседателот на Ла Лига потврди дека нема да има навивачи на стадионите, но посочи дека се работи на некои иницијативи за навивачите да уживаат следејќи ги натпреварите пред малите екрани во своите домови.
Ла Лига засега е најнеизвесно натпреварување затоа што разликата меѓу првата Барселона и вториот Реал Мадрид е само два бода.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)