Поврзете се со нас

Евролига

Таварес го расплака тренерот на Реал: Вие му должите извинување (ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид по 11. пат дојде до трофејот во Евролигата и тоа преку Олимпијакос кого на драматичен начин го совлада во Каунас.

Клучните поени ги постигна Серхио Љуљ, но далеку најдобар поединец на завршниот турнир беше Еди Таварес кој беше импресивен како во полуфиналето така и во финалето, односно заслужено го доби признанието МВП. Токму центарот како најкорисен играч одржа емотивен говор во кој целосно застана зад тренерот Чус Матео за кого имаше доста критики во изминатиов период.

Со неговиот говор тој дури и го расплака предводникот на „кралевите“.

-Ова го заслужува, а вие луѓе треба да му се извините за се затоа што имаше многу критики и многу сомнежи на неговата сметка, јас имам работено со толку многу тренери и никој не е како него. Тој е тренер како сите други и мора да биде спомнат кога се зборува за овие успеси затоа што веруваше во нас како никој друг и ова го заслужува повеќе од било кој, еден од најдобрите луѓе кои сум го запознал, секоја чест, -порача Еди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни