Репрезентација
Талевски: Оваа репрезентација има победнички менталитет

Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје го одработи последниот тренинг пред утрешниот контролен натпревар со соодветната селекција на Косово.
Селекцијата предводена од селекторот Горан Станиќ утре го игра првиот од двата контролни натпревари со Косово на стадионот „Фадил Вокри”, во Приштина со почеток во 19. часот.
Напаѓачот на Вардар и член на младата репрезентација на Македонија до 21 година, Михаил Талевски во пресрет на дуелот со Косово даде свое видување и коментар.
– Имаме одлични подготовки, максимално го користиме ова кратко време што го имаме до почетокот на квалификацискиот циклус во септември.
– Во склоп на овие јунски подготовки не очекуваат два контролни натпревари против Косово, репрезентација која е квалитетна. Сакаме да издвојуваме победа на двете средби, тоа е нашата цел. Се надевам дека ќе го покажеме целиот наш потенцијал и квалитет.
– Неоспорно е дека оваа група на фудбалери има квалитет, но тоа што најмногу ја краси оваа генерација е компакноста, желбата за докажување и победничкиот менталитет.
– Имаме тешка група во квалификациите која е составена од силни репрезентации како Италија, Шведска, Полска, но тоа не треба да претставува пречка, напротив треба да биде мотив плус за нас за да го дадеме максимумот на секоја средба, да не потцениме ниту еден противник и да одиграме добри квалификации, -истакна Талевски.
Вториот контролен натпревар меѓу надежите на Македонија и Косово се игра на 31. мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје, со почеток во 15. часот.
-
Италија5 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија8 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Балкан4 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет1 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Англија6 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)