Македонија
Талески за „Дерби“: Ми годи интересот од Вардар!

Македонскиот ракометар, Филип Талески, откако го заврши настапот за германскиот бундеслигаш Балинген, стана цел на интерес на повеќе клубови.
Последно, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, откри дека му испратил понуда, додека низ медиумите претходно кружеше шпекулација дека можеби е баран и од Еурофарм Пелистер.
„Дерби“ го побара Талески за изјава и македонскиот ракометар ни излезе во пресрет.
– Стои тоа дека имам понуда од Вардар. Се е отворено! Мило ми е што ме бара еден клуб како Вардар кој е двократен европски првак. Останува да се види што ќе се случува периодов, па да се донесат одлуки. Сакам уште малку да почекам, така што навистина се е отворено,- ни изјави македонскиот репрезентативец.
Откако стана јасно дека ракометната Лига на шампиони нема да се доигра, а ЕХФ ги одреди четирите екипи учеснички на Ф4-турнирот поместен за декември, Вардар започна со реконструкција на тимот и најави преговори со многу имиња, меѓу кои официјално е и Филип Талески, кој претходно се развиваше во Металург, па замина во Рајн Некар, а од таму во Балинген.
На Европското првенство во Австрија, Талески имаше најбрз измерен шут од страна на официјалните лица, со брзина од 141 км/ч во дуелот со Чешка, што е една од претпоставките за негова еволуција во нов „бомбардер“ по нашиот легендарен капитен, Кирил Лазаров.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)