Поврзете се со нас

Свет

Талески славеше против Митревски во дерби пресметката во Португалија

Објавено

на

Филип Талески со Бенфика се радуваше на триумф над Никола Митревски и Порто во дерби средбата од 18. коло во првата лига на Португалија.

Како што кажува самиот резултат (28:27) голема борба се водеше на теренот, решеваа нијанси кои беа на страна на домаќините кои со овој триумф дојдоа на „само“ три бода од вечерашниот ривал. Најголем победник на крајот е Спортинг кој си ја зголеми предноста на табелата, поточно има „18 од 18“ и ита кон титулата.

Талески даде еден гол од три обиди, додека Митревски имаше девет одбрани на голот на Порто.

Во следната рунда Порто ја пречекува Брага, а Бенфика ќе се соочи со Агуаш Санташ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни