Поврзете се со нас

Македонија

Талентираниот Илијевски потпиша за „зелено-белите“ од Битола

Објавено

на

Еурофарм Пелистер се обидува да изгради база од македонски играчи со тоа што тоа е процес низ кој мора да се помине, а тука многу помага втората екипа на „зелено-белите“ од Битола.

Пелистер 2 во новата сезона ќе игра во најдобрата домашна конкуренција што секако може да им помогне на домашните ракометари дополнително да напредуваат со поквалитетни натпревари.

Клубот како нови имиња веќе ги обезбеди младинските репрезентативци Славчо Шулески и Јован Даневски, плус францускиот десен бек Баптист Одифред за да сега е објавенот дека е потпишан договор со талентираниот Илија Илијевски.

Се работи за 15-годишно момче, веќе високо 202 сантиметри, со огромен простор за напредок. Во Битола доаѓа од неговиот матичен клуб Вардар Неготино. Тој потпиша договор на четири години.

Новиот „џин“ во ростерот на Еурофарм Пелистер 2 ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни