Македонија
Талаков и Глишиќ станаа „лавови“, Ристиќ потпиша за Пелистер

Македонскиоте фудбалски прволигаши Пелистер и Македонија Ѓорче Петров повлекоа потези и се засилија за престојната натпреварувачка 2025/2026.
„Зелено-белите“ од Битола го обезбедија потписот на 25-годишниот српски интернационалец Петар Ристиќ.
-Голема чест ми е што го носам дресот на Пелистер. Свесен сум што значи овој клуб, и за мене тоа претставува голема одговорност. Подготвен сум да дадам сè од себе и да му помогнам на тимот во остварувањето на заедничките цели. Гледав снимки од последните дерби-натпревари и со нетрпение го очекувам моментот кога ќе играм пред полни трибини, со безрезервна поддршка од навивачката група Чкембари, -истакна Ристиќ за кого ова е прв предизвик надвор од неговата татковина.
Тој во Пелистер доаѓа од Трајал Крушевац.
Повратникот во елитната македонска фудбалска конкуренција, Македонија Ѓорче Петров ги официјализираше трансферите на Мартин Талаков и Дарко Глишиќ.
Талаков е поранешен младински репрезентативец, играч кој има настапувано во словачка, но и на домашната сцена.
Глишиќ пак е добро познато име, искусен лев бек кој треба да биде сериозна опција за тренерот Грчаров во обидот да се остварат што подобри резултати во сезоната.
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија18 часа
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)