Италија
Суперкомпјутер одреди кој ќе биде шампион во Серија А (Фото)
Наполи одигра сезона од соништата и после повеќе од три децении ја освои титулата во домашното првенство, а тоа го направи до толку доминантно што воопшто немаше неизвесност во Италија.
Новата сезона почна доста поинаку од минатата и неколку тима се многу блиску на табелата, па ако Наполи уште отсега отпадна како еден од фаворитите за Скудетото, Интер, Јувентус и Милан важат како тимови кои имаат најголеми шанси за успех.
Сепак, суперкомпјутерот на Опта најмали шанси од оваа тројка му дава на Милан, бидејќи според модерните анализи на технологијата, „росонерите“ имаат само 2 посто шанси за трофеј на крајот од сезонта.
Фаворит број еден според суперкомпјутерот е Интер и европскиот вицешампион има 83,3 проценти да се радува на титулата во месец мај, додека на второ место е Јувентус.
Тимот на Макс Алегри добива 13,1 проценти шанси од компјутерот на „Опта“, додека актуелниот првак Наполи добива само 1,3 проценти шанси за одбрана на трофејот. Римските ривали Рома и Лацио имаат 0 проценти за највисок пласман, а пред нив е и Аталанта која добива теоретски 0,1 процент за првото место.
По 12 одиграни кола, Интер има 31 бод и му бега два бода на Јувентус, а интересно по репрезентативната пауза ќе гледаме директна пресметка меѓу двата најдобро рангирани тима на табелата.
Serie A 2023 2024, chi vince lo scudetto? Le previsioni dell'Opta Predictor#SerieA #SkySerieA #SkySport https://t.co/zHrv9sxXOt
— skysport (@SkySport) November 15, 2023
-
Италија14 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет12 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија15 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија9 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон