Шпанија
Супер зделка на Симеоне: Атлетико доби играч со големо премиерлигашко искуство без да исплати едно евро (Фото)
После Хави Галан, Атлетико Мадрид го претстави и второто летно засилување за новата сезона, а во овој случај станува збор за доста позвучно име, кое сепак клубот не го чини ниту едно евро.
Диего Симеоне заврши добра работа во преговорите и телефонските повици изминатите неколку месеци, па така Чаглас Сојунџу пристигнува гратис на „Метрополитано“ и потпиша четиригодишен договор.
27-годишниот Турчин имаше извонредни изданија во Премиер лигата и беше дел од најдобриот тим во Англија во 2020-та година, па откако беше мета на Атлетико веќе две години, сега конечно дочека шанса да им се приклучи на „душекџиите“.
По испаѓањето на Лестер од Премиер лигата, стана јасно дека Сојунџу нема да игра во Чемпионшип, а фактот што не го продолжи договорот му донесе голема привилегија на Атлетико да го осигура како слободен агент.
Сојунџу пет години играше во елитната Премиер лигата, а во Атлетико пристигнува како големо засилување за стоперските позиции.
🇹🇷 ¡@Syncaglar es nuevo jugador rojiblanco! 🔴⚪
🖊 El internacional turco ha firmado con nuestro club por cuatro temporadas.
👋 ¡#BienvenidoSoyunçu! 😊 pic.twitter.com/1geYFFLBsg
— Atlético de Madrid (@Atleti) July 5, 2023
-
Италија11 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија12 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија13 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија6 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија5 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет9 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија12 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч