Италија
Судиската комисија призна дека му бил подарен пенал на Интер (Видео)
Интер игра во страшна форма и изминатиов викенд стигна до 13-та победа во низа во сите натпреварувања, па така на најдобар начин се подготви за реванш осминафиналето против Атлетико во Лигата на шампионите.
Тимот на Симоне Инѕаги најде решение за незгодната Болоња и успеа да ја победи минимално на гостински терен, а неколку дена претходно, имаше решение и за Џенова.
Од тој меч, судиската комисија во Италија изврши посебен инспекциски надзор врз една ситуација од првото полувреме, кога Интер доби пенал пред крајот на првото полувреме.
Барела се избори за најстрогата казна која во гол ја претвори Алексис, но сега судиската комисија во Италија призна дека не требало да биде досуден пенал бидејќи Френдруп прво ја удрил топката.
– Кога детално ќе се прегледаат снимките, заклучокот е дека станува збор за грешка. Грешката настана поради неискуството на главниот судија Ајролди. Тој доби инструкции дека стартот е чест, но тој се држеше до својот прв инстинкт. Френдруп прво ја удри топката, а дури потоа се судри со Барела. Ајролди цврсто веруваше на својата иницијална сензација, сигурен сум дека во иднина ќе научи од ова, – гласи изјавата на Дино Томази, комесарот на италијанската судиска комисија.
Инаку, Интер со овој пенал стигна до предност од 2:0, а на крајот го доби натпреварот со 2:1.
El jugador del Genoa (Morten Frendrup) siempre tiene intención de detener el disparo pero incluso nunca toca el pie de disparo de Barella es el pie del italiano el que después cae sobre el cuerpo de Frendrup
El jugador del Genoa tampoco toca el pie de apoyo de BarellaEspero… pic.twitter.com/nURTzFDOQV
— Yandy World (@YandyWorld) March 4, 2024
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч