Поврзете се со нас

Шпанија

Стуани донесе драматична победа за Џирона на „Монтоливи“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Џирона веќе некое време игра во стилот „топло-ладно“ во Примера, односно победува на домашен, а губи на гостински терен, „традиција“ која ја продолжи со оглед на тоа што денеска славеше над Бетис со 3-2.

Домашниот тим мораше добро да се испоти за да дојде до посакуваниот резултат, односно да одговора на предизвикот на гостите.

Довбик стрелаше во 36 и 65 минута, возвраќаше Вилијам Жозе пред се поради грешките на стоперот Лопес за да на крајот ветеранот Стуани се најде на вистинското место во 92 минута и донесе три бода за клубот од Каталонија.

Со 65 бода Џирона е на третата позиција на табелата зад Барселона со 67 и Реал Мадрид со 72 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни