Поврзете се со нас

Репрезентација

Строгите мерки на Балтикот ги „зароби“ позитивните македонски репрезентативци

Објавено

на

Македонскта кошаркарска експедиција на крајот имаше само една долга и непријатна прошетка до Талин, бидејќи избраниците на селекторот Тодоров не одиграа ниту еден од двата предвидени натпревари во таканаречениот „балон“ кој го организираше домаќинот Естонија во соработка со ФИБА.

За жал, коронавирусот го проби „балонот“ и ги нападна македонските кошаркари и покрај строгите мерки и почитувањето на протоколите, па откако беше утврдено дека четири наши играчи се позитивни на Ковид 19, беа одложени средбите со Италија и Естонија.

После сите овие случувања, планот беше Македонија со цела своја експедиција да се врати во Скопје, но сепак оваа талинска епизода ќе биде уште подолга за играчите кои се позитивни на вирусот, бидејќи поради строгите правила на Балтикот, тие ќе мора да останат во Естонија.

– По состанокот кој нашето раководство го имаше со официјалните лица на ФИБА, со директорот на „балонот“ одреден од страна на естонската федерација, како и одговорното лице за безбедност на турнирот, добиени се нови насоки поврзани со заминувањето, односно транспортот на нашиот национален тим од Талин за Скопје.

– Согласно со утврдената фактичка состојба, за Скопје нема да тргнат сите планирани членови на делегацијата. Поточно, во Талин остануваат четворица наши кошаркари кај кои пред два дена било утврдено присуство на вирусот Ковид-19. Според протоколот на ФИБА за спроведување на случаите поврзани со присуство на Ковид 19 во некој национален тим, а кои се на сила во овој момент, членовите на нашата репрезентација кај кои беше утврден позитивен тест на Ковид-19, нема да можат да ја напуштат Естонија, се до добивање на прв негативен ПЦР тест потврден од страна на овластена медицинска лабораторија на оваа балтичка земја направен седум дена по претходното тестирање, во овој случај, на 28. ноември.

– Доколку тестовите уште еднаш бидат позитивни, во рок од три дена, нашата „четворка“ ќе мора да биде тестирана уште еднаш. И најдоцна во рок од десет дена ќе ја напушти Естонија. Согласно со здравствените мерки, се до тој момент, заразените мора да бидат во целосна изолација, односно ставени во карантин, кој, по инсистирање на водството на нашата федерација, наместо во една од болниците во Талин, ќе биде реализиран во хотелот „Хилтон Талин Парк“, каде што и беше сместена нашата најдобра селекција во изминатиот период. За нивната здравствена и физичка состојба ќе се грижи, едно медицинско лице од нашата делегација, односно физиотерапевтот Ненад Попоски. Едно лице од федерацијата на Естонија, како и водичот кој од страна на организаторот му беше доделен на нашиот национален тим за време на турнирот во Талин, – гласи објавата на Федерацијата во која се вели дека останатата експедиција ќе слета утре во Софија, по што ќе има уште едно преместување до Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни