Поврзете се со нас

Шпанија

Столе во акција: Димитриевски го одработи првиот тренинг во Валенсија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

По комплетираните медицински тестови за сите кои ги стартуваат подготовките со првиот тим, Рубен Бараха денеска ги „запали“ моторите и ги почна тренинзите за новата сезона, а секако во прв план се најде Столе Димитриевски.

Најдобриот македонски чувар на мрежата ги засили „лилјаците“ и како слободен агент премина на „Месталја“, а еден месец по промоцијата во клубот, денеска го одработи првиот тренинг.

Валенсија го стави Столе во фокусот и издвои видео од неговите први моменти како член на првиот тим, кој оваа сезона се очекува да има уште поголеми амбиции.

Планот на Валенсија е да се врати во првиот дел од табелата во Ла Лига и да се бори за место во Европа, а Димитриевски би требало да има значајна улога како прв голман.

Столе пристигна на „Месталја“ со цел да биде „единица“ на Валенсија, бидејќи од претходно планот на клубот е да го продаде и да заработи многу пари од Гиорги Мамардашвили.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни