Поврзете се со нас

Шпанија

Стоичков: Работата на Гвардиола беше лесна, тој дојде на „готово“ во Барселона

Објавено

на

Бугарската фудбалска легенда, Христо Стоичков не е импресиониран од тоа што Пеп Гвардиола како тренер го направи во Барселона.

Гвардиола во 2008 ја доби довербата и застана на чело на каталонците, па за четири години успеа да освои дури 14 трофеи, но и да го промени фудбалот со специфичниот фудбал. Меѓутоа и покрај овие успеси Стоичков смета дека и друг тренер би можел тоа да го постигне, поточно Гвардиола имал лесна работо затоа што наследил готова екипа од Франк Рајкард.

-Барселона веќе беше подготвена. Работата на Пеп беше лесна, бидејќи тој добро ја познаваше инфраструктурата на младинскиот систем. Рајкард го направи тимот кој Гвардиола го презема. Меси и другите играчи веќе дебитираа со Рајкард. Спектакуларни работи би се постигнале со или без Пеп.

-Тука беа Анри, Деко, Роналдињо, Рафа Маркез, Карлес Пујол и Виктор Валдес. Имаше неколку играчи од кои Пеп мораше да се ослободи, ама Иниеста и Педро дојдоа, плус имаше и повеќе време за Меси-тогаш екипата беше комплетна, -порача Стоичков.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни