Поврзете се со нас

Свет

Стигна казната за Аргентинците: Скалони суспендиран поради бизарна причина

Објавено

на

foto: x.com/Argentina

Аргентина веќе обезбеди пласман во четвртфиналето на Копа Америка со тоа што има уште една обврска кога е во прашање групната фаза, а тоа е соочувањето со Перу.

На тој меч „гаучосите“ нема да можат да сметаат на капитенот Лионел Меси (повреда), но и на селекторот Лионел Скалони кој заработи казна од КОНМЕБОЛ и Копа Америка.

Имено Аргентинците двапати ги прекршиле правилата, поточно не излегле точно на терен во вториот дел, а токму тоа му донесе суспензија на Скалони од еден натпревар.

Актуелните шампиони задоцниле со излегувањето од соблекувалната на полувремето против Канада и Чиле, потези кои донесоа казна за селекторот.

-Лионел е вознемирен поради ова. Сметаме дека сме стручен штаб со многу професионализам. Денеска дознавме. Ова беше удар. Понекогаш зборувате за мал детал. Не се обидувавме да најдеме предност. Сега треба да се фокусираме на следниот натпревар и да продолжиме напред, -порача Валтер Самуел кој е еден од помошниците во националниот тим.

Поради истата причина во „аут“ ќе биде и предводникот на Перу, Рикардо Гарека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни