Репрезентација
Станиќ селектираше за Белорусија и Азербејџан: Фокусот ќе биде ставен на…

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Горан Станиќ ги избра играчите на кои ќе смета на дуелите со Белорусија и Азербејџан.
Тоа се два тест натпревари кои ќе ги одиграме во Анталија (Турција) на 21 и 25 март. Прво ќе ги одмериме силите со Белорусите од 14 часот, а четири дена подоцна наш ривал ќе биде националниот состав на Азербејџан од 18 часот.
Најголемиот дел од повиканите играчи се од нашето првенство, но има и неколку интернационалци и селекторот Станиќ се надевка дека тој заедно со стручниот штаб ќе им ги пренесе идеите кои потоа ќе треба да бидат спроведени на теренот.
-Ќе го искористиме првиот наш заеднички собир за да ги запознаеме добро фудбалерите со методите на работа, како и тоа што ќе се бара од нив, како на тренинзите, така и на самите натпревари.
-Повикани се фудбалери од нашето првенство кои имаат најголема минутажа во своите клубови. Имаме повикани и неколку играчи од странство за кои сметаме дека може да го подигнат квалитетот на нашата репрезентација. Одредени фудбалери кои не се повикани на овој собир, а се потенцијални репрезентативни кандидати, ќе добијат можност на следниот собир кон крајот на мај.
-Очекувам дека идеите што ги имаме ние како стручен штаб ќе успеат самите фудбалери брзо да ги разберат и ефикасно да ги спроведат на теренот. Ке се потрудиме максимално подготвено да ги дочекаме квалификациите за пласман на ЕП кој ќе стартуваат во септември.
-Во рамки на овие подготовки ќе одиграме два натпревари против Белорусија и Азербејџан. На двата меча фокусот ќе биде ставен на нашата игра. Се надевам дека сите тактички замисли што ќе ги работиме во текот на подготовките да бидат спроведени на теренот, -вели Станиќ.
СПИСОК:
ГОЛМАНИ:
Васко Василев – Гостивар
Љупче Џеков – Силекс
Славе Вргов – А.П. Брера
ОДБРАНА:
Давид Даилоски – Венло, Холандија
Даниел Марковски – Јеншепинг, Шведска
Андреј Аризанкоски – А.П. Брера
Анес Меличи – Шкендија
Марко Стојилевски – А.П. Брера
Ѓорге Џеков – Силекс
Бенан Хамидовиќ – Магдебург, Германија
Андреј Велков – А.П. Брера
Нуман Ајетовиќ – Шкупи
СРЕДЕН РЕД:
Матеј Ангелов – Работнички
Ѓорѓи Дошев – Македонија Ѓ.П.
Адриан Зенделовски – Олимпик, Шведска
Теодор Николовски – Работнички
Мартин Ѓоргиевски – А.П. Брера
Шабан Зенку – Струга Трим Љум
НАПАД:
Димитар Данев – Работнички
Димитар Трајков – Дуго Поље, Хрватска
Никола Величковски – Септември, Бугарија
Михаил Талевски – Вардар
Бесмир Даци – Шкупи
Кире Стојанов – Беласица
Никола Манојлов – Работнички
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план