Македонија
Спектакуларно градско дерби на „Тодор Проески“: Седлоски дебитираше со победа на клупата на Вардар

После седум меча без победа во Првата македонска фудбалска лига, Вардар се израдува на првиот триумф во домашното првенство, и тоа во сценарио кое дефинитивно ќе ги израдува навивачите на „црвено-црните“.
Големото дерби меѓу Вардар и Шкупи кое попладнево се одигра на националната арена „Тодор Проески“ донесе офанзивен и атрактивен фудбал, а во такви услови повеќе нерви и трпение имаа домаќините.
Гоце Седлоски на најдобар можен начин ја стартуваше втората етапа како тренер на вардарци, славејќи против својот поранешен клуб Шкупи со резултат 3:2.
Вардар ја прекина црната серија против ривалот од Чаир и успеа да слави после четири години, а тоа сигурно малку ќе ја намали тензијата во клубот во пресрет на двонеделната пауза поради репрезентативен фудбал.
Шкупи подобро го отвори денешното дерби и поведе со голот на Канда во 10-та минута, но Вардар покажа карактер и успеа да направи пресврт до крајот на првиот дел. Закариќ со доза на среќа и Николовски погодија за 2:1 во периодот од 31-та до 40-та минута, по што домашниот тим реши да го брани резултатот во вториот дел.
Гостите фрлија се на една карта и со сите играчи тргнаа во целосна офанзива, а таквиот пристап им донесе резултат со израмнувачки гол на Ибиши за 2:2.
Погодокот во 76-та минута се чинеше дека ќе им даде крилја на гостите, но сепак така не мислеа избраниците на Седлоски кои веднаш одговорија со статива на Закариќ, за потоа да постигнат и гол од прекин преку Мицевски.
Карамболот по слободниот удар заврши со гол во празната мрежа на Мицевски, па иако позицијата на вардаровиот фудбалер беше сомнителна, судиите покажаа на центар.
Ова е огромна победа на Вардар и прва на домашен терен по речиси три месеци, па сега „црвено-црните“ му го предадоа „фенерот“ на Тиквеш кој денеска одигра 0:0 против Беса.
Нов лидер во ПМФЛ е Шкендија која славеше во ефикасен меч со Брера со 4:3, но ист број на бодови (27) имаат и Гостивар и Силекс кои денеска славеа над Воска со 4:0, односно Пелистер со 1:0.
Работнички им го препушти врвот на трите споменати екипи поради поразот кој го претрпе на гостувањето крај езерото, каде попладнево загуби со 1:0 од Струга.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план