Англија
Соучек: Добивме порака од Антонио пред да излеземе на терен

Играчите на Вест Хем вчера играа фудбал во посебни услови, од една страна поради притисокот кој сами го создадоа поради лошата форма, но од друга и поради страшната несреќа која му се случи на Мајкл Антонио.
Напаѓачот на „чеканите“ имаше голема среќа и спаси жива глава во инцидент во кое неговото Ферари е буквално смачкано, па вчера не чудеше фактот што двата гола на домаќините му беа посветени токму него.
Соучек и Боуен се погрижија за победа на Вест Хем во натпреварот против Вулверхемптон, а по триумфот од 2:1, стрелецот на првиот гол откри дека играчите добиле посебна мотивација пред да излезат на теренот.
– Оваа победа е за него, сакам да му ја посветам оваа победа на Антонио. Навистина сакав да постигнам гол и да му го посветам нему, тој е мојот омилен играч во соблекувалната откако сум јас дел од Вест Хем. Ми беше тешко да ја примам веста, но среќен сум што сега е добар и што веќе ни дава поддршка. Тој е во нашите срца и ми беше тешко да играм без него.
– Ова беа тешки денови за нас, но особено за неговото семејство. Успеавме да го видиме пред да излеземе на терен, тој ни се јави со видео повик пред натпреварот. Беше среќен, дури и се смееше и ни посака среќа. Едвај чекам да го посетам во болница, тој е фантастичен човек и дури испорача неколку шеги пред да излеземе на терен. Се надеваме дека наскоро ќе биде повторно со нас, – изјави Соучек за „Скај Спортс“.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план