Поврзете се со нас

Англија

Сопругата на Ди Марија се отвори за животот во Англија: Одите и очекувате некој да ве убие, одвратно беше…

Објавено

на

Анхел Ди Марија е еден од најомразените фудбалер меѓу навивачите на Манчестер Јунајтед. Аргентинецот се задржа на „Олд Трафорд“ само една сезона, иако како големо засилување пристигна од Реал Мадрид за 60 милиони фунти.

Сега сопругата на Ди Марија, Жоргелиња Кардозо, се отвори за животот поминат на Островот, и за него немаше ама баш ниту еден убав збор.

– Го молев Анхел да оди било каде, само не во Англија, а една година подоцна бевме во Манчестер. Ср**е, -започна Жоргелиња, а потоа беше запрашана што не и се допаѓало во градот.

– Не сакав апсолутно ништо. Луѓето беа чудни. Одите по улица и не знаете дали некој ќе ве убие или не. Храната е одвратна, девојките користат премногу шминка како да се кукли, -изјави Кардозо.

Парот имаше и непријатна ситуација во Англија затоа што нивната куќа беше ограбена, а потоа тие останатиот период го минаа во „Лаури хотелот“.

Една година по неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед и само четирите постигнати погодоци на 32 средби, Анхел Ди Марија си замина во ПСЖ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни