Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Соиграчите со право се фаќаа за глава: Двата еврогола на Рајс кријат неверојатен податок (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Деклан Рајс прерасна во вистински херој во првото четвртфинале меѓу Аренал и Реал Мадрид во Лигата на шампиони, од едноставна причина што англискиот репрезентативец режираше две ремек-дела за најавните шпици.

Играчот за врска демонстрираше две завидни и импресивни техники од прекин и постигна страшни погодоци од слободен удар, а со тоа ја најави големата победа која ја оствари Арсенал на „Емирејтс“.

Рајс со двата гола ги фрли во транс сите навивачи на домашниот тим и беше вистински јунак во победата од 3:0, но погодоците кои ги постигна беа до толку перфектни, што ги остави во неверица и своите соиграчи.

Добар дел од фудбалерите на Арсенал се фаќаа за глава додека трчаа да му честитаа за вториот погодок, но по крајот на натпреварот посебно се издвојува и еден неверојатен податок кој беше обелоденет од англиската јавност.

До денеска, Рајс немал постигнато ниту еден гол од слободен удар во својата кариера, па дефинитивно избра најдобро сценарио за да режира вечер за паметење.

Исто така, Рајс стана првиот играч во историјата на Лигата на шампиони кои постигнал два погодоци од слободен удар во еден елиминациски меч, што значи дека овој натпревар сигурно ќе го памети до крајот на животот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни