Лига на шампиони
Слот откри дека има специјален план за Киеза пред дебито во ЛШ

Арне Слот искажа максимален респект за Милан пред денешната пресметка во Лигата на шампионите и нагласи дека многу го почитува седумкратниот европски шампион, кој вечерва ќе биде домаќин во првиот од многуте закажни спектакли во новиот формат во најелитното натпреварување.
Натпреварот на „Сан Сиро“ сигурно ќе даде одговор за реалната сила на двата тима во овој момент, а италијанските новинари посебно се интересираа и за тоа дали Федерико Киеза ќе добие шанса за игра.
Летното засилување за Ливерпул направи голема промена со трансферот од Јувентус во Ливерпул, но поради сите ризици кои ги носи еден таков чекор, Арне Слот најави дека ќе биде внимателен со крилниот напаѓач.
Холандскиот стручњак планира да го дозира Киеза и да го внесува во ритам чекор по чекор, па на некој начин им соопшти на новинарите да не го очекуваат во стартната постава вечерва во Милано.
– Ливерпул мора да носи квалитетни играчи и Федерико е еден од нив. Тој е комбинација од квалитет и добра работна етика, а тоа е културата на нашиот клуб. Може да донесе плус на неколку позиции во нападот.
– Сепак, не треба да се забрзува процесот кој мора да го мине. Тој е дел од тимот малку време и првпат е надвор од дома. Би било огромно изненадување да се најде во стартниот тим. Не треба да го очекувате во стартната постава, но може да добие минути ако ни затреба.
– Првпат е дел од тимот, имаше неколку тренинзи со нас и премногу е рано да игра 90 минути. Се надеваме дека ќе добие минутажа во натпреварите кои следат, тоа е нашиот план за него, – изјави Слот.
Холанѓанецот денеска ќе дебитира како менаџер на Ливерпул во Лигата на шампиони, а сигурно ќе има дополнителен мотив за победа по непријатното разочарување со Нотингем Форест и поразот од 0:1.
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Свет10 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија11 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре