Англија
Сколс воодушевен од играч на лутиот ривал: Тој веќе е подобар фудбалер од Лампард!
Пол Сколс имаше можност да го следи и истовремено да го анализира големото дерби кое се одигра во Манчестер, а 24 часа подоцна, доста популарна стана една негова изјава дадена за играчот на мечот.
Фил Фоден со два гола направи пресврт и се погрижи бодовите да останат на „Итихад“, па покрај пофалбите кои ги доби од Пеп Гвардиола кој посочи дека Англичанецот е најдобар играч на Сити оваа сезона, Сколс заклучил дека тој веќе е подобар фудбалер од еден Френк Лампард.
Способноста да постигнува голови како играч за врска го натера Сколс да го спореди Фоден со Лампард, а според него, ѕвездата на Манчестер Сити веќе сега е подобар фудбалски пакет од легендата на Челси.
– Френк Лампард постигнуваше голови кои му носеа титули во Премиер лигата на Челси, но Фоден е подобар играч од него. Очекувате такви работи од вашите напаѓачи, но не и од играчи за врска. Ретко се гледа играч за врска кој игра со мислите: „Сега ќе ја земам топката, ќе не вратам во мечот и ќе ја освојам лигата“!
– Лампард го правеше тоа, но Фил Фоден почнува да го прави тоа за Сити, го има тој потребен мирис за гол. Според мене, Фил Фоден е многу подобарр играч од тоа што беше Френк. Немој да ме сфатите погрешно, Лампард донесе титули за Челси со својот придонес во средниот ред, а на тој пат е тргнат и Фоден, – вели Сколс.
-
Италија16 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет14 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија18 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија11 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија10 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)