Поврзете се со нас

Свет

Скалони: Ако Лаутаро игра со Меси ќе биде одлично за Аргентина, ама ќе биде…

Објавено

на

Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони даде свој коментар за можниот трансфер кој се најавува, а се однесува на Лаутаро Мартинез кој се повеќе и повеќе добива значајна улога во националниот тим.

За напаѓачот на Интер многу е заинтересирана Барселона која сака да го види на „Камп Ноу“ како долгорочна замена за Луис Суарез. Каталонците веруваат дека Аргентинецот е играч кој може соодветно да го замени популарниот „Ел Пистолеро“ кој веќе долго време е неприкосновен како „деветка“ во тимот.

-Лаутаро е модерен напаѓач и него го посакува секој голем тим. Тој веќе е со голем тим, кој се натпреварува подеднакво со другите тимови и ќе биде многу тешко да го извлечат од Интер.

-Ако Лаутаро има доволно среќа и да игра со Меси во Барселона, тогаш за нас (Аргентина) ќе биде многу подобро што играат заедно. Мартинез е млад играч со неверојатна иднина. Тој е силен и има голема желба да успее. Не сакам да се мешам, но ако направи промена на клубот, се надевам дека се ќе биде во ред, -порача Скалони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни