Поврзете се со нас

Англија

Сити поставил краен рок: Гвардиола мора да одлучи за неговата иднина на „Итихад“

Објавено

на

Пеп Гвардиола веќе со години успешно го води премиерлигашот Манчестер Сити, односно во целиот овој период од 2016 година успеа да му донесе 15 големи титули на клубот од „Итихад“.

Меѓутоа тој полека влегува во последната година од актуелниот договор за која планира да ја одработи, но останува отворено прашањето што по 2025 година. Веќе има информации дека Пеп сака тука да заврши и да се фокусира на некој друг предизвик, па токму поради ова „граѓаните“ сакаат да имаат чиста, јасна слика.

„ЕСПН“ пренесува дека клубот му поставил краен рок на Шпанецот до кој мора да се изјасне за неговата иднина, а тоа е Божиќ.

Премиерлигашот сака да има соодветен простор и време да пронајде решение ако Гвардиола си замине што е повеќе од реално.

Истот избор пренесеува дека стратегот тешко би се обврзал на нов клупски предизвик и негова следна желба е да води репрезентација на голем турнир.

Следниот голем настан е СП во 2026 година, па останува да се види дали трофејниот стручњак можеме да го водиме таму како предводник на некој квалитетен национален тим.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни