Поврзете се со нас

Англија

Синклер: Постојат три причини за заминувањето на Мане од Ливерпул, главната е Клоп

Објавено

на

Садио Мане повеќе нема да го гледаме во дресот на Ливерпул, тим на кој многу му даде во изминативе шест години.

Сенегалецот некако тивко си замина од „Енфилд Роуд“ иако се работи за еден од клучните играчи во екипата, меѓутоа клубот одлучи да не му стои на неговиот пат, желба за нов предизвик кој го однесе во Баерн Минхен.

Многумина се уште не можат да сфатат зошто Мане се реши за ваков потег, група во која се и некои поранешни играчи на „црвените“ на кои Тревер Синклер се обиде да им одговори и тоа посочувајќи три причини за напуштањето на напаѓачот на англскиот вицешампион.

-Овој трансфер на Садио Мане очигледно е универзално прифатен затоа што тој го напушти клубот како клупска легенда. Но постојано слушам некои фанови и поранешни играчи како велат „Не знам зошто си замина?“ Дозволете ми да ви кажам зошто си замина.

-Прво мислам дека тој никогаш не беше почитуван и ценет како Ван Дајк и Мо Салах. Второ, фактот што Ливерпул дозволи неговиот договор да дојде до последната година на некој начин сугерира дека така се чувствувале за него. Трето, мислам дека Јирген Клоп го изгуби кога излезе и го омаловожи африканскиот куп на нации кој неговиот селектор Алиу Сисе мораше да излезе и да го брани порачувајќи му дека без африканските играчи секогаш бил втор.

-Мане е човек со принципи, сте го виделе како купува болници, купува училишта и се друго во неговиот роден град Сенегал и поради овие причини ја чувствувам мислата на Садио Мане, знаете што јас си одам. Добро се забавуваше, беше легенда на клубот, но мислам дека не би можел да игра понатаму, -истакна Синклер за „Токспорт“.

Инаку Тревор е поранешен англиски репрезентативец кој во кариерата играше за Вест Хем и Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни