АТП
Синер со џентлменски потег го испрати Ѓоковиќ од теренот: Почувствував дека е повреден…. (Видео)

Јаник Синер не му даде никаква шанса на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон, а во сценарио кое малку кој го очекуваше, Италијанецот и немаше премногу тешка задача со оглед на физичките проблеми со кои се соочуваше противникот.
Србинот имаше проблеми со долгите размени и движењето на теренот, па во ситуација кога не можеше да си дозволи пролизгување на тревата, седумкратниот шампион едноставно немаше што да бара во пресметката со светскиот рекет број еден.
Синер ја оствари петтата победа во низа против Ѓоковиќ и полека се претвора во нерешлива енигма за Србинот, кој Јаник сепак го испрати со поздрав и стоечки овации заедно со публиката на централниот терен.
– Ова е неверојатно за мене, не можам да верувам дека се пласирав во прво финале. Ова е турнирот кој го гледав како дете, но играњето во финале е награда за цел труд и работа која ја имаме со тимот. Денеска тука беа и мојот брат и мојот татко, благодарен сум и за поддршката која ја добив од публиката.
– Сервирав навистина добро и се чувствувам одлично на теренот. Почувствував дека Ѓоковиќ е повреден во третиот сет, но останав смирен. Беше во доста незгодна ситуација после падот во претходната рунда, но се обидов да останам смирен и да се задржам на мојот најдобар тенис во најважните моменти. Едвај чекам да видам што ме чека во финалето, – изјави Синер, кој одново го чека блокбастер дуел со Карлос Алкарас.
– Не знам што да очекувам, сите видовме што се случи на последното финале. Голема е честа да се дели теренот со него, веќе реков дека двајцата се туркаме напред и даваме максимум на секоја пресметка. Мислам дека не чека извонреден меч како и оној претходниот, но се надевам дека тој сега нема да биде подобар. Се надевам дека ќе одиграме добро и дека ќе уживате сите вие како фанови, – изјави Синер.
It's been a pleasure to watch your tennis at #Wimbledon this year, Novak 👏
Congratulations on your run at The Championships 2025 ✨ pic.twitter.com/nnjteBGoKk
— Wimbledon (@Wimbledon) July 11, 2025
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства24 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија19 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија18 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Англија2 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда