Поврзете се со нас

АТП

Синер пред финалето: Алкарас е фаворит…

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Јаник Синер и Карлос Алкарас ќе играат уште едно големо финале, ќе водат битка за уште една гренд слем титула, овојпат на Вимблдон.

Италијанецот во полуфиналето го доби Новак Ѓоковиќ, додека Шпанецот ја оправда улогата на фаворит во соочувањето со Тејлор Фриц.

Ова за Синер е прво финале во Лондон за разлика од противникот кој веќе има две титули на овој настап, па првиот светски рекет улогата на фаворит му ја препушта на Карлитос.

-Алкарас е фаворит, тој тука веќе победи двапати по ред. Многу е тешко да го победиш на трева, но јас ги сакам предизвиците. Се подобрувам како играч, секогаш се обидувам да играм нешто различно. Не сакам да бидам предвидлив на теренот, -истакна Јаник кој посочи дека веќе е заборавен пораз од Алкарас на Ролан Гарос,

-Да не беше така, немаше да бидам тука во финалето. Немаше да бидам во позиција повторно да се борам за голема титула. Многу сум среќен што повторно ќе играм со Карлос. Ќе биде тешко, но сум оптимист. По тој пораз, тренирав уште понапорно за да се подобрам. Ќе го правам истото и по Вимблдон, без оглед на резултатот. Доаѓаат генерации помлади од нас и мора да бидеме подготвени, -заклучи италијанскиот ас.

Шпанецот води во меѓусебните дуели со 8-4.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни