Поврзете се со нас

АТП

Синер: Би бил премногу изненаден ако се случи најлошото

Објавено

на

Јаник Синер го напушти Пекинг со пораз во финалето со Карлос Алкарас, но и со нови информации за неговата допинг афера, која за жал доби нова епизода по жалбата која ја достави ВАДА.

Додека го играше турнирот во Пекинг, Светската антидопинг агенција објави дека испорачала жалба до Судот за спортска арбитража, во која бара двегодишна казна за најдобриот светски тенисер.

Иако Синер беше ослободен од вина за пронајдениот клостебол во неговото тело после три сослушувања, Италијанецот сега ќе мора да се правда и пред судот во Лозана, но при пристигнувањето во Шангај, светскиот рекет број еден порачал дека се надева само во едно сценарио.

– Бев изненаден од жалбата и тоа го кажав уште во Пекинг. Но, од друга страна, знаев дека тоа може да се случи. На крајот се случи и се уште сум изненаден. Тоа е што е, јас ќе соработувам како и досега. Имав три сослушувања и сите одеа на моја страна.

– Уверен сум дека случајот ќе се реши во моја корист. Би бил премногу изненаден ако се случи спротивното, односно најлошото. Цела оваа ситуација прави да не се чувствувам пријатно. Мислев дека се е готово, но за жал уште не е така, – изјавил денеска Синер пред Мастерсот од серијата 1000 во Шангај.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни