Македонија
Силекс и Вардар одиграа возбудливо дерби во Кратово, Каланоски херој за домаќините

Двата заостанати натпревари од 15-то коло во Првата македонска фудбалска лига се одиграа ова попладне во Кратово и Струга, а иако со доста мака, двата домаќините успеаја да остварат триумфи.
Дербито меѓу повеќекратните шампиони Силекс и Вардар не ги разочара фудаблските фанови и понуди навистина содржаен фудбал и многу интересни прилики, па иако условите за игра беа тешки, видовме дури пет гола.
Силекс подобро го отвори мечот, но Вардар беше тој што поведе со голот на Мишковски, но Силекс брзо се погрижи за пресврт и во краток период успеа двапати да го матира Гачевски.
Каланоски во манир на врвен голгетер погоди со глава за 1:1, а потоа го шутираше и пеналот кој првично му го одбрани Гача, но имаше доста среќа и од втора погоди за 2:1.
Вардар се мачеше да наметне темпо во вториот дел и најсериозно се закани од слободен удар во раната фаза на продолжението, а се чини дека голот на Серафимовски за 3:1 беше клучен на денешното дерби.
Поранешниот играч на Вардар не славеше против својот бивш клуб, а до крајот погоди уште Јусуфи кој со неверојатен удар го изненади голманот Андов и ги постави конечните 3:2.
На вториот меч денеска, Струга долго се мачеше против Воска Спорт, но го доби езерското дерби со гол постигнат од пенал длабоко во судиското продолжение (Згуро).
-
Италија17 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија18 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет15 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија18 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија12 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија11 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)