Поврзете се со нас

Свет

Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/konyaspor

Енис Барди по кратката авантура во Бодрум беше ослободен од страна на клубот и стана слободен агент на стартот на месец јули, а неполни две недели подоцна, македонскиот капитен веќе има нов клуб.

Искусниот играч за врска ќе продолжи да ја гради својата кариера во турскиот фудбал, со тоа што во новата сезона ќе настапува за екипата на Коњаспор.

Клубот од Коња му обезбеди двегодишен договор и со тоа јасно стави до знаење дека максимално верува во квалитетите на Барди, кој сега и четврта сезона по ред ќе се натпреварува во турската Суперлига.

По етапата во Трабзонспор и Бодрум, Барди сега ќе ги брани зелено-белите бои на Коњаспор, а во новиот тим ќе биде играчот со број „десет“.

– Коњаспор потпиша двегодишен договор со македонскиот репрезентативец Енис Барди. Енис ја започна својата фудбалска кариера во младинската академија на македонскиот клуб ФК Шкупи, а потоа играше за Преспа Бирлик, ФК Ујпешт, Леванте, а во Турција за Трабзонспор и Бодрумспор. Барди ќе го носи дресот со број 10 во нашиот тим. Му посакуваме добредојде и успех на Енис Барди во нашиот зелено-бел дрес, – гласи најавата од страна на Коњаспор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни