Лига на шампиони
Шундовски: Нема тука да застанеме, работевме напорно за оваа победа!

Екипата на Еурофарм Пелистер конечно дојде до победа во Лигата на шампионите и тоа на гостувањето во Данска кај Фредерија каде славеше со резултат 25:23.
„Зелено-белите“ го загубија првиот дел со 12:9, но по паузата покажаа друго лице, одигра далеку поефикасно во нападот, направија пресврт и дојдоа до славје со кое му го препуштија „фенерот“ во групата А токму на противникот.
-Честитки до мојот тим за победата. Одигравме одлично, победивме квалитетна екипа. Ова не беше натпревар без грешки, особено ги имавме во првото полувреме, ама во тој период трипати се вративме од негатива од три гола.
-Во продолжението одигравме како тим, честитки уште еднаш до момците. Верувам дека овде нема да застанеме. Работевме напорно за да стигнеме до овој резултат. Ова беше важна победа за нас, историска во ЛШ, -истакна тренерот Звонко Шундовски.
Клучен играч во триумфот беше голманот Никола Митревски кој имаше дури 15 интервенции.
-Честитки за победата. Во првото полувреме не бевме на посакуваното ниво ама покажавме борба и бевме добри во транзиција. Во вториот дел заигравме многу подобро и така остана до самиот крај, -порача искусниот голман.
-
Италија5 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија6 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија7 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија8 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Балкан4 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет1 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Англија6 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија24 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)