Поврзете се со нас

Италија

Шпалир во Бергамо во чест на легендарниот Даниеле: Орсато стави крај на својата авантура во Серија А (Видео)

Објавено

на

Даниеле Орасто ја завршува својата богата судиска кариера и последен турнир ќе му биде Европското првенство во Германија, но вчера и официјално ја заврши својата авантура во Серија А.

Орсато беше делегиран судија за одложениот меч меѓу Аталанта и Фиорентина, а по крајот на средбата која заврши 2:3, играчите и претставниците на двата клуба се погрижија за симпатичен момент.

Даниеле беше испратен со шпалир и доби благодарница за својата тридецениска кариера, во која најголемо достигнување му е финалето во Лигата на шампионите.

Италијанецот ја делеше правдата на финалето кое го играа Баерн Минхен и ПСЖ пред четири години, а статусот на врвен ФИФА судија го стекна во 2010-та година.

Орсато ја заокружува својата авантура во Серија А како еден од најдобрите италијански судии во поновата историја, па затоа беше испратен како легенда на крајот од 290-от меч како прв судија во италијанската елита.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни