Поврзете се со нас

Евролига

Шортс најдобар, Париз го загуби француското дерби во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/EuroLeague

Ти-Џеј Шортс со својот Париз не успеа да се израдува на позитивен резултат во француското дерби со Монако во Евролигата.

Иако избраниците на Сплитер беа домаќини на ова соочување, беа надиграни од Монако кој беше подобар ривал на теренот три четвртини. Имено гостите водеа со 18 разлика по 30 минути, па домашниот состав во последниот период само нешто анулираше од таа негатива.

Македонскиот репрезентативец Шортс немаше соодветна поддршка од соиграчите, односно тој со 19 поени беше прв стрелец, а додаде и 5 асистенции.

Кај победникот се истакнаа Тајс и Лојд кои заедно искомбинираа 42 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни