Франција
Шокантни вести за францускиот великан: Лион „привремено“ исфрлен во Втора лига!

Олимпик Лион пријави големи финасиски проблеми уште во текот на летниот преоден рок и во еден момент ги стави сите играчи на продажба, но иако се чинеше дека кризата е пребродена, сепак француската дирекција за контрола на управување (DNCG) утврди низа неправилности и денеска изрече казна за фудбалскиот великан.
Контролата за Управување во своето соопштение појаснува дека Лион во наредниот период ќе биде под целосен надзор за својата финансиска работа, а доколку не успее да ги подмири долговите до крајот на сезоната, клубот ќе биде исфрлен од Прва лига.
Француската организација појаснува дека Лион во моментов добива „привремено исфрлање“ во Втора лига, а истото ќе стане и перманетно доколку не се подобрат финансиските извештаи и не се подмират долговите кои ги има клубот заклучно со јуни 2025-та година.
Исто така, Комисијата додава дека Лион добива забрана за трансфери во текот на претстојниот зимски преоден рок, сето тоа како последица на неправилното и неадекватно работење, кое ако продолжи со исто темпо, ќе го загрози и опстојувањето на клубот.
Лион во моментов е петти на табелата во Лига 1 и е далеку од црвената линија, но главната опасност за клубот доаѓа од управата која ќе мора да почне да работи професиолано, а воедно да понуди и адекватен план за подмирување на долгот во догледна иднина.
🚨🇫🇷 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆 | If Lyon fail to pay off their debts at the end of the season, they will be RELEGATED to Ligue 2, reports @marca. ⚠️ pic.twitter.com/EVl1sqlbPn
— EuroFoot (@eurofootcom) November 15, 2024
-
Италија7 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија7 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија8 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија8 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Балкан6 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Италија5 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Шпанија10 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Свет5 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!