Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи промовираше десет засилувања пред стартот на новата сезона

Објавено

на

Утре започнува новата сезона во Првата македонска лига, а пред самиот старт на шампионатот екипата на Шкупи ги промовираше засилувањата за натпреварувачката 2024/2025.

Се работи за десет нови имиња, фудбалери кои се добро познати и ја знаат нашата сцена, но и играчи кои се се новајлии и кои со своето знаење, квалитет треба да придонесат кон остварување на зацртаните цели.

Клубот од Чаир се засили со Џелил Асани, Ел Хаџи Гује, Демир Имери, Канда Јумеми, Флоријан Кадриу, Кристијан Блажевски, Емир Асани, Амар Малиќи, Георг Стојановски и Наум Ајетовиќ.

Шкупи ќе ја отвори кампањата со домашен меч против Воска Спорт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни