Македонија
Шкупи ја засили одбраната со поранешен талент на Трабзонспор

Вардар е убедливо најактивен на македонската фудбалска сцена на самиот почеток на зимскиот преоден рок, но ова е фаза во која сите екипи ќе се обидат да ги засилат своите редови во пресрет на пролетниот дел од сезоната.
Шкупи оваа вечер ја информираше јавноста дека се засилува со талентиран турски фудбалер кој игра во одбраната, и тоа играч кој е продукт на фудбалската школа на Трабзонспор.
Се работи за 22-годишен фудбалер Емир Јазичи кој ги минал сите возрасни категории на Трабзонспор, а како дете на турскиот клуб, последно настапувал за Кушадасиспор.
Фудбалскиот клуб Шкупи ќе биде прв интернационален предизвик за Јазичи, па ако се суди според договорот (две ипол години), планот му е малку подолго да се задржи во Македонија.
Шкупи во своето официјално соопштение го најавува Јазичи како големо засилување во одбраната, но и потенцира дека целта на тимот ќе биде да се бори за Европа во вториот дел од сезоната.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)