Македонија
Шкупи го ангажираше поранешниот капитен на младинската репрезентација

Шкупи го најави новиот амбициозен проект за новата натпреварувачка сезона со ангажманот на Гоце Седлоски пред крајот на кампањата во која Шкендија стана првак, а со првите потези на трансфер пазарот, клубот од македонската престолнина јасно става до знаење дека е сериозен во намерата да го нападне шампионскиот трофеј.
Чаирчани имаат голема желба да го освојат трофејот во домашното првенство во новата сезона и веќе преземаа важни потези на трансфер пазарот, кои ова попладне беа надополнети со кам-бек во македонскиот фудбал на уште едно познато име.
Дефанзивецот Константин Чешмеџиев како поранешен капитен на младинската репрезентација до 21 година се враќа во мак-фудбалот, откако денеска стави потпис на договорот со Шкупи и реши да го прифати повикот кој го добил од Седлоски.
– Луѓето од клубот ме контактираат пред околу еден месец, тогаш се уште бев фудбалер на Вележ. Ми ги раскажаа плановите и идеите кои ги има клубот, по што брзо сфатив дека станува збор за сериозен проект.
– Одлучувачки фактор беше излезот во Европа, како и фактот што тренер е Гоце Седлоски. Ќе ми биде чест да учам од таков тренер. Немав големи очекување, но еве се вратив во Скопје и ми се допаѓаат плановите на Шкупи, – изјави дефанзивецот кој претходно во Македонија има настапувано за Работнички, Пелистер, Македонија ЃП и Шкендија.
-
Италија11 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија12 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија13 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП4 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Италија10 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија4 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Италија6 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија5 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон