Македонија
Шкендија со победа ја отвори новата сезона, Шкупи се спасуваше од пораз против Воска

Екипите на Струга Трим Љум и Шкендија со победи ја отворија новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Струга во дуелот на актуелниот шампион и актуелниот Куп победник, триумфираше над Тиквеш со 1-0 со гол во самата завршница.
Избраниците на Османи дојдоа до посакуваните три бода со погодокот на Компаоре во 89 минута.
Шкендија пак ја доби пресметката со Беса, новиот член на домашната фудбалска елита. „Црвено-црните“ славеа со 3-1 со головите на Фитон Адеми и Ибраими, Селмани пак погоди за домаќините.
Шкупи пак не ја потврди улогата на фаворит против Воска Спорт во дуелот со шест погодоци. Чаирчани важеа за големи фаворити, но се спасуваа од пораз со голови во 86 и 92 минута за конечни 3-3.
На останатите соочување Пелистер и Гостивар ремизираа во Битола (1-1), додека Работнички го доби Силекс со 1-0.
Последната средба меѓу АП Брера и Вардар е закажана вечерва од 20 часот.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија22 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)