Македонија
Шкендија неочекувано се раздели со стандарден првотимец (Фото)

Шкендија засега е доста резервирана на трансфер пазарот и најмногу е насочена кон ослободување на играчите кои се прекубројни, но ако заминувањата на Дауда Бамба и Давор Талески беа очекувани, ова денешното е доста изненадувачко.
Клубот од Тетово е претендент за титулата во Првата македонска фудбалска лига и замина на зимска пауза на делба на првото место, па затоа чуди фактот што „црвено-црните“ се откажаа од играч кој беше стандарден во стартната постава.
Ваљон Ахмеди пристигна во Тетово во месец август и по вторпат го обелече дресот на Шкендија, но сега после само пет месеци си заминува од клубот.
Ненајавената вест пристигнува како непријатно изненадување за фановите од Тетово, па останува да видиме дали клубот ќе има реакција и ќе донесе замена во преостанатиот дел од трансфер пазарот.
Ахмеди дојде во Шкендија од редовите на Шахтјор Солигорс, а првиот дел од сезоната го заврши со 13 настапи за првиот тим.
-
Италија14 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија16 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија15 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија8 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет12 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Италија9 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина