Поврзете се со нас

Англија

Ширер му пресуди на Тен Хаг, Холанѓанецот испрати интересна порака до навивачите на Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Рој Кин беше засрамен од изданието на Манчестер Јунајтед против Ковентри и посочи дека се повеќе му се одмилува тимот кој го води Ерик Тен Хаг, но ако  тој остана резервиран околу иднината на Холанѓанецот, Алан Ширер веќе нема дилеми.

Најдобриот голгетер во историјата на Премиер лигата смета дека Тен Хаг е веќе минато на „Олд Трафорд“, па според него нема да го спаси ниту победа над Манчестер Сити и освоена титула во ФА Купот.

– Убеден сум дека Манчестер Јунајтед има донесено конечна одлука за актуелниот менаџер. Дури и да го освојат ФА Купот, тој е минато во Манчестер. Не е важно дали ќе го освојат трофејот, или не. Имам чувство дека нема да биде доволно што  и да направи до крајот на сезоната, – изјави Ширер, а со него се согласуваат и добар дел од фановите на Јунајтед.

Интересно, Тен Хаг по полуфиналето со Ковентри имаше порака до навивачите на Манчестер кои бараат отказ за него, споредувајќи го неговиот учинок со оние на неговите претходници.

– Фановите можат да имаат свое мислење, секој може да мисли што сака. Мене ме интересираат фактите. Дури и во декадата во која Јунајтед беше доста успешен, тимот само три пати стигна до финалето на ФА Купот. Ние тоа го направивме вторпат во низа. Се пласиравме во финалето и сега имаме голема шанса за трофеј. Навистина сакам да победиме и да ја освоиме титулата, имаме свои шанси и покрај тоа што играме со најдобриот тим во светот, – порача Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни