Поврзете се со нас

Свет

Шчесни за асот за кого има огромна почит: Се плашев да играм против него

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Војчех Шчесни кратко време беше во пензија, а причината за тоа е Барселона која му го скрати одморот по тешката повреда на првиот голман Марк Андре Тер Штеген.

Полјакот доби повик од „Камп Ноу“, повик кој не сакаше да го пропушти и сега заедно со Ињаки Пења ќе водат борба за „единицата“ во шпанскиот великан. На Шчесни ќе му треба некое време да влезе во ритам, да го надокнади тоа што го загуби откако ја заврши приказната со Јувентус, но информациите се позитивни и се очекува во брзо време официјално да му биде на располагање на тренерот Ханси Флик.

Во меѓувреме тој е актуелен и активен во Каталонија каде имаше разговори со најважните тамошни медиуми, па токму за „Мундо Депортиво“ откри една интересна информација, го издвои единствениот играч од кого стравувал, се плашел да игра во кариерата.

-Секогаш се плашев да играм против Лео (Меси). Веројатно има и други играчи кои постигнале повеќе голови против мене. Но, тој беше единствениот против кого всушност се плашев да играм. Затоа што беше толку добар, -вели Полјакот кој е горд што му одбрани пенал на Аргентинецот на СП.

-Најзадоволителна одбрана беше пеналот на Меси на Светското првенство, но тоа не беше најдобрата одбрана во мојата кариера. Стадионот и ривалот го направија тој момент многу посебен за мене, -вели новиот член на каталонците.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни