Германија
Шампионскиот ген на дело: Бонифасе донесе луда победа за Леверкузен во меч со седум гола (Видео)

Баер Леверкузен доби безброј натпревари минатата сезона во судиското продолжение, но очигледно овој шампионски ген и играњето до последен здив е симбол за тимот на Чаби Алонсо и на стартот на новата кампања.
Волфзбург денеска се покажа како крајно незгоден ривал на „БајАрена“ и водеше во два наврати со 0:1 и 2:3, но сепак на крајот остана со празни раце на гостувањето кај шампионот.
Натпреварот беше отворен со автогол на Мукиеле, Леверкузен направи пресврт со погодоците на Вирц и Тах, но до крајот на првиот дел видовме уште еден пресврт.
Борнау и Сванберг се погрижија за нова предност на Волфзбург, но како многупати досега, момците на Чаби Алонсо го пронајдоа најдоброто во второто полувреме.
Инаку брзо израмни на 3:3, но точка на натпреварот стави Бонифасе во 93-та минута кога Леверкузен нападна со сите сили откако Волфзбург остана со играч помалку на теренот (црвен картон заработи Герхарт).
Видеото од победничкиот гол погледнете го ТУКА
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија6 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија5 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)